logo
logo
logo

СТАНИ ЦАЦИ ДА ТЕ ВИДИ САЛАТА И ДА СЕ ИЗВИНИШ: Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски

Vecer | 29.06.2025

СТАНИ ЦАЦИ ДА ТЕ ВИДИ САЛАТА И ДА СЕ ИЗВИНИШ: Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски

Поранешната министерка за одбрана и сегашна пратеничка на СДМ Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски, граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда, таа мора да се извини и да ја објави пресудата во медиумите, објави на својот профил на социјалните мрежи претседателот на Владата Мицкоски.

фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски
фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

- Ова не е е моја лична битка, ова е битка за принципи, за вистината, за достоинството на секој поединец кој не дозволува некзането да му лепат лаги, вели премиерот Мицкоски.

Според Мицкоски, лагите ќе паднат, а вистината победува.

- Очигледно, лажењето како синдром на политичката култура и однесувањето на функционерите на СДСМ не престанува да биде нивен заштитен знак. Со оваа пресуда се потврдува не само дека лажат, туку и дека не се промениле. Продолжуваат да го потценуваат народот, верувајќи дека со клевети и манипулации ќе фрлат дамка врз мојата работа, и дека народот ќе се разочара. Но нашиот народ е мудар. Има искуство со политичари како овие од СДСМ, чии кариери се изградени врз измами, несовесност и недостиг на одговорност, вели Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk