„Водовод и канализација – Скопје“ алармира дека градот се соочува со сериозна криза поради енормно зголемената и неконтролирана дневна потрошувачка на вода, која вчера достигнала 360.000 кубни метри. Ако се подели со вкупниот број на жители тоа е скоро кубик вода дневно по возрасен жител.
Што е еднакво на 144 олимписки базени или 9.000 цистерни за вода. Според системот за мониторинг, ова претставува сериозен ризик за водоснабдувањето, а веќе се чувствуваат последици низ делови од градот, намален притисок и повремени прекини на вода.
„Градот Скопје се снабдува од природен извор со ограничени количини вода од непроценлива вредност. Апелираме до сите граѓани за рационално и совесно користење на водата, особено да се избегнува трошење за полевање, миење автомобили или полнење базени“, стои во испратеното соопштението.
Од претпријатието посочуваат дека најголемата закана за системот се дивите приклучоци и кражбите на вода со алармантни загуби од околу 65%, за ова постојано се зборува во Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска ништо не преземаат за да се пријавува и спречи дивото приклучување на водовод од кое нема приходи а се користи за сопствен профит - наводнување сопствени земјоделски површини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата