logo
logo
logo

Мицкоски и Вучевиќ се сретнаа во Охрид: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ И СОРАБОТКАТА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СНС

Vecer | 26.07.2025

Мицкоски и Вучевиќ се сретнаа во Охрид: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ И СОРАБОТКАТА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СНС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со својот колега, претседателот на СНС Милош Вучевиќ се во Охрид, каде остварија средба, но и посетија значајни култуно-историски локации во престолнината на православието во Македонија, на Балканот и во светот.

- Му благодарам на Милош Вучевиќ за честа што како пријател ми ја укажа да му бидам домаќин во Охрид, а мене ми беше задоволство да му покажам дел од убавините што ги нуди балканскиот, европскиот, светскиот бисер Охрид. Посетивме неколку убави културни места кои што се духовно богатство на православниот свет, на православните народи, но истовремено преставуваат и светска реткост кога станува збор за културното наследство. Се надевам дека од оваа посета Милош ќе понесе во Србија добри спомени, а ваквите средби можат да значат добрососедски односи, и уште подлабоко пријателство помеѓу двете сестрински партии ВМРО-ДПМНЕ и СНС. Нека ни прерасне ова во традиција, денес сме во Охрид, утре можеби ќе бидеме во некој град во Србија. Голем поздрав за македонскиот и српскиот народ и уште многу убави вакви моменти да имаме во иднина, посочи Мицкоски.

- Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на владата на Македонија, и претседател на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостопримството, на братството, на убавото време кое го поминавме заедно во историскиот град Охрид, седиштето на македонската култура, но и на православието. Ти благодарам Христијан на времето и разговорот, имавме добри разговори за зајакнување на соработката на ВМРО-ДПМНЕ и СНС, како две европски партии. Секако дека разговаравме и за српско-македонските односи, и за состојбата на Западен Балкан. Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа, помагајќи се меѓусебно, посочи Милош Вучевиќ, претседател на СНС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk