logo
logo
logo

ЗА ВАКВИ НАСТАНИ И ВЕСТИ ГЛАСАА ВО ПРИЛЕП: Нова опрема и нови вработувања во болницата

Vecer | 26.07.2025

ЗА ВАКВИ НАСТАНИ И ВЕСТИ ГЛАСАА ВО ПРИЛЕП: Нова опрема и нови вработувања во болницата

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски објави за напредокот кој за една година е постигнат во Општата болница Прилеп.

-При посетата на Општата болница Прилеп со директорот Кире Јоноски разговарав за подобрувањата во болницата. Еве дел од тоа што се постигна за една година!

Финансиска стабилност.

Пред една година, болницата беше меѓу најзадолжените болници и се соочуваше со долг над 200 милиони денари. Со домаќинско работење и поддршка од Фонд за здравствено осигурување на Македонија, долгот е намален на 109 милиони денари.

Болницата влезе во расчистување на криминалот – први кривични пријави и прва судска пресуда за криманал.

Нова опрема за урологија и ортопедија. Нова опрема за стерилизација.

Обновено оделението за интензивна нега на гинекологија. Отворена Школата за трудници – простор каде идните мајки и татковци ќе добијат поддршка, знаење и охрабрување на секој чекор од патот до родителството.

По подолг прекин обновени интервенции на колено и воведени нови методи на ортопедија.

Следејќи ги позитивните промени повеќе општествено одговорни претпријатија од Прилеп донираат инвентар и опрема.

Се решава недостатокот на персонал – се вработуваат над 120 здравствени работници од кои 21 доктор. Ќе има и нови вработувања за специјализанти, објави Клековски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk