Поранешниот портпарол на ДУИ, човекот кој со денови беше среќен затоа што Артан Груби му дозволил да седне до него на маса, нереализиран лекар и веројатно најлош министер за надвроешни работи заедно со Љубмир Фрчкоски сега настапува во јавноста како кандидат - за градоначалник на Чаир. Кариерата му оди удоле.
Каде и што да работел и се појавил Бујар Османи бил просечен лик, често и под тоа ниво, без карактер и трага од сработеното а негов најголем талент во кариерата е што знаел секогаш “да му буде при рака“ на Али Ахмети за било што ќе затреба, од ладна вода и кафе, до портпарол за перење на лошите изјави, за пораки до соработниците, па се до градоначалмик на Чаир.
Темата за иден градоначалник не ја знае и затоа оди на класичен национализам до девесеттите години која и Али Ахмети ја напушта. И Ахмети се обидува, барем низ глума, да биде конструктивен политичар иако повремено се враќа на свој терен - насилство и етнички закани.
Му помага градоначалничката на Скопје Данела Арсовска мотивирана од ДУИ и поранечниот градоначалник на Сарај Блерим Беџети но, од таа помош има повеќе зијан од ќар ако се разбере дека е удар токму врз неговиот национализам затоа што Данела и Блерим бараат уривање на куќи и станови во најголем дел на - Албанците во Чаир.
Доцна го разбраа тоа во ДУИ, Данела и Блерим па сега ја снема Данела Арсовска со нејзините патолошки настапи за дивоградби. Османи остана сам на чистина, делува како политички аматер залутан на туѓа забава и секој му држи предавање од кое заклучокот е - човекот не е за политика, а за градоначалник кој се грижи за канализација, инфраструктура и сообраќај не е ни во претпоставка.

Последните политички лекции му ги одржа министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека неговиот претходник Бујар Османи по неодамнешната кандидатура за градоначалник на Чаир упатил опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата кои се штетни и за регионалната стабилност.
Муцунски во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 најави дека ќе се преземат проактивни мерки да се спречуваат таквите наративи. Оцени дека тие кои со години лажеле дека се вистински Европејци „една кампања за локални избори и борба за само една градоначалничка позиција ги довела до ситуација да будат наративи од 19 и 20 век“.
- Човекот кој со години не убедуваше дека го има на ум најдорбиот интерес за Македонците кога носи одлуки, упати порака на јасен политички проект за редефинирање на државата.
Многу опасно, не само за нас, порака која е страшно опасна за целиот регион. Зборуваше за т.н автономија во одлучувањето, практично отвараше теми за создавање држава во држава. Прво јасно треба да му биде дадено до знаење, дека унитарниот карактер на државата никој нема да го наруши.
Оваа држава, ниту била ниту ќе биде федерација или конфедерација. Ваквите повици се опасен наратив кон тоа. Што сака тој да каже, автономија во одлучувањето? Дали тоа треба да значи дека Македонците што живеат во Чаир треба да бараат автономија на одлучувањето да создаваме општини во општини, држави во држави?
Јасно е дека овие луѓе имаат изгубено тотален компас, јасно е дека можеби живеат во некои наративи од минатиот век за големи албански држави и сето тоа. Ова е Европа, Европа во 21 -ви век и ова е земја членка на НАТО. Ваквите ризични опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата не само што максимално ги осудуваме, туку ќе преземе проактивни мерки да ги спречуваме, рече Муцунски.

Дополни дека верува во соживот и дека Македонците, Албанците, Турците, Ромите, сите националности кои живеат тука, сакаат соживот, држава која е развиена, сакаат да се зборува за инвестиции, за европскиот пат.
- Верувам и работам не само на внатрешна кохезија, туку и за одлични билатерални односи со Косово, Албанија, Србија, Бугарија, Грција, со сите земји од поширокиот регион, но ова се наративи кои ни штетат нам и на регионалната стабилност. Не само што ќе ги осудиме туку и ќе преземе проактивни мерки да ги спречуваме. Овие кои со години не лажеа дека се вистинските Европејци кои веруваат во европски вредности видовме како една кампања за локални избори, како борбата за само една градоначалничка позиција ги доведе до ситуација да будат наративи од 19 и 20 век, рече Муцунски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата