Дали знаете како правилно да пржите кромид? Постои „цака“ која помага да се зачуваат сите хранливи материи - важно е!
Најголем виновник е токму топлината која лошо влијае на алицинот, состојка која се наоѓа во кромидот...
Кромидот е една од најздравите намирници која е богата со состојки кои се одговорни за нормално и добро функционирање на организмот. Има и бројни здравствени придобивки како што се зајакнување на имунитетот, нормална работа на срцето, третман на респираторни инфекции и многу други.
Но, дали знаевте како правилно да го подготвите?
Имено, нутриционист по име Мумал Асиф открил генијален трик за негова подготовка. Тој рече дека само две минути пржење кромид уништува бројни здравствени придобивки.
А најголемиот виновник е токму топлината која лошо влијае на алицинот, состојката која се наоѓа во кромидот и која е најзаслужна за неговите лековити ефекти, пишува 24седам.
- Ве советувам да почекате 10 минути откако ќе го исецкате кромидот. За тоа време ќе се создаде максимално количество алицин кој ќе остане речиси недопрен при пржењето – објасни овој нутриционист.
Покрај алицинот, кромидот содржи и бројни витамини и минерали кои му се неопходни на организмот, како што се цинк, фосфор, магнезиум, фолна киселина, тиамин и витамини Ц и К.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата