logo
logo
logo

Три пијалаци што ве спасуваат од дехидрација – без шеќер, без адитиви и со одличен ефект

Vecer | 06.07.2025

Три пијалаци што ве спасуваат од дехидрација – без шеќер, без адитиви и со одличен ефект

Како што термометарот се искачува на 37 степени, важно е да останете хидрирани – но не на кој било начин.

Наместо сокови и газирани пијалаци купени од продавница, изберете пијалоци што можете да ги направите дома во топлите денови.

Без шеќер, без адитиви и со одличен ефект – идеални се за топол ден во движење.

Сите овие пијалоци може да се чуваат во термос шишиња за да останат ладни во текот на целиот ден.

Важно е тие да не содржат додадени шеќери или алкохол, бидејќи таквите состојки всушност ја поттикнуваат дехидратацијата, пишува Данас.

Ладен пијалак од краставица – нане со лимета или лимон

Блендирана краставица, лимета, листови од нане, вода и малку сол прават хидрирачки пијалак полн со течност, минерали и вкус.

Тоа е еден од најлесните начини да се разладите и да се хидрирате во текот на денот.

Лимонада со морска сол, мед и лимон

Мешавина од свежо исцеден лимон, вода, прстофат морска сол и мала количина мед прави освежителен серум богат со електролити.

Овој пијалок е базиран на рецепти од препораките на Светската здравствена организација за орална рехидратација.

Домашна вода од кокос или сусам

Ако немате пристап до вистинска кокосова вода, можете да направите домашна верзија. Потребна ви е една лажица бел сусам кој се кисне преку ноќ, а потоа наутро се блендира со 300 мл вода, се процедува и, по желба, се додава малку сок од лимон.

Сусамовите семки се богати со минерали, особено калциум и магнезиум, кои помагаат во хидратацијата и електролитната рамнотежа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk