logo
logo
logo

ЈОГУРТ КОЛАЧ СО СЕЗОНСКО ОВОШЈЕ: Идеален десерт за летните денови, освежителен и лесен

Vecer | 04.07.2025

ЈОГУРТ КОЛАЧ СО СЕЗОНСКО ОВОШЈЕ: Идеален десерт за летните денови, освежителен и лесен

Ништо не го освежува летното попладне како мирисот на домашен колач што се шири низ кујната. Дури и кога е подготвен едноставно, користејќи состојки што веќе ги имате дома, задоволството е загарантирано.

Јогурт колач со сезонско овошје е класик кој никогаш не излегува од мода, лесен, сочен и совршен за секоја пригода.

Ви донесуваме рецепт за брз, едноставен и вкусен десерт кој ќе го обожавате по првиот залак.

Идеално е за гости, закуска со кафе или лесен десерт по ручек. Подготовката е брза, а резултатот е неодолив.

Состојки

3 јајца

1 чаша (180 мл) јогурт

1 чаша шеќер

1/2 чаша масло

2 чаши брашно

1 кесичка прашок за пециво

1 кесичка ванилин шеќер

Рендана кора од лимон (по желба)

овошје по ваш избор: праски, кајсии, малини, боровинки

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180°C. Матете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата не стане пенаста. Додадете јогурт и масло, па кратко промешајте.

Додадете го брашното измешано со прашок за пециво и со лесно мешање соединете ја смесата. Доколку сакате, додадете рендана кора од лимон за дополнителна свежина.

Истурете ја смесата во намастен плех или плех обложен со хартија за печење. Одозгора наредете го овошјето по ваш избор. Печете го колачот околу 30-35 минути, или додека чепкалка за заби забодена во средината не излезе сува.

Кога овошниот колач ќе се олади, по желба посипете го со шеќер во прав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk