logo
logo
logo

Бурекот готов за 15 минути, и подобар од тој во пекара (видео)

Vecer | 22.04.2024

Бурекот готов за 15 минути, и подобар од тој во пекара (видео)

Бурекот готов за 15 минути, и подобар од тој од пекара. Иако постојат многу начини за правење бурек, еден од најдобрите рецепти го претстави популарната инфлуенсерка од Турција Ајсенур Алтан. На својот канал на Јутјуб таа објасни како Турците им подготвуваат омилено јадење на многумина. Интересно е што го подготвува во тавче, а не е мрсен како тој од пекара. Исто така, доколку одлучите да направите бурек по овој рецепт, може да биде готов за 15 минути.

Состојки: кори за пита, 1 јајце, 1/3 чаша млеко, 1/3 чаша растително масло + повеќе за пржење, 200 гр фета сирење или ситно сирење. 1 лажичка сечкан магдонос.  

 Подготовка: Најпрво убаво измешајте ги кашкавалот и магдоносот, а во кашкавалот по желба можете да додадете и малку моцарела. Се матат јајцето, па се додава млекото и растителното масло, се додава смесата од сирење и магдоносот и се се меша. Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги корите по рабовите така што ќе покријат половина од дното на тавата. Дел од подготвениот фил со лажица прелијте ја кората, односно долниот дел од тавата. Потоа искинете ги и изгужвајте ги лушпите и потопете ги во филот, за добро да се навлажни, па премачкајте ги на плехот. Потоа преклопете го бурекот преку деловите од кората кои висат преку работ на тавата и покријте го со филот. На крајот се покрива со остатокот од филот. Покријте ја тавата и печете додека бурекот не порумени, па свртете и печете уште малку. Послужете со ладен јогурт

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk