Гаспачо е освежителна, ладна, шпанска доматна супа.
Потекнува од Андалузија, каде што е достапна речиси насекаде – од ресторани, до барови, до кафулиња, до секој мал супермаркет покрај кој ќе поминете.
Таа е омилениот лесен и освежителен оброк за да се победи летната жега.
Ако имате можност да ја посетите Шпанија, ќе откриете дека гаспачото се разликува од регион до регион. И секако, постојат милион нетрадиционални состојки и пресврти што модерните готвачи сакаат да ги пробаат.
Ви нудиме рецепт за гаспачо, за кој ви се потребни околу 15 минути.
Нема потреба да го загревате шпоретот или рерната! Само подгответе ги состојките на даска за сечење. Потоа вашиот блендер или процесор за храна ќе ја доврши работата.
Состојки:
• Домати: (средни, тркалезни, домати со мека кора) се стандардни за традиционалното гаспачо. Но, всушност, секакви зрели, сочни, свежи домати се погодни.
• Краставица: излупена и без семки.
• Зелена пиперка: Некои веруваат дека зелените пиперки се задолжителни за автентично шпанско гаспачо. Но, секоја боја на пиперка што ја имате при рака е соодветна.
• Леб: Остатоците од бел леб се клучот за текстурата на автентичното гаспачо, помагајќи малку да се згусне и да се заокружат вкусовите.
Измешајте го гаспачото, потоа натопете го парчето леб во средината на супата и оставете го 10 минути за да омекне пред да го додадете во супата
• Црвен кромид: Само половина од мал црвен кромид, излупен.
• Лук: две мали чешниња лук или едно големо чешне лук.
• Маслиново масло: Многу традиционални рецепти за гаспачо се полни со многу маслиново масло. За овој рецепт потребни ви се само 3 лажици.
• Шери оцет: Андалузија е позната по своето шери. Ако не можете да најдете шери оцет во вашата продавница, можете да додадете малку црвен вински оцет.
• Мелен ким
• Морска сол и црн пипер
Подготовка:
Испасирајте ја супата: Измешајте ги сите состојки за гаспачото во блендер или процесор за храна и пасирајте 1 минута или додека гаспачото не ја достигне посакуваната конзистенција.
Изладете: Префрлете ја супата во затворен сад и ставете ја во фрижидер 4 часа или додека не се излади целосно.
Сервирање: Потоа послужете ја супата убаво и ладна, украсена со вашите омилени додатоци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата