logo
logo
logo

Домашен колаген: Подготовката е едноставна, а воедно е и многу вкусен

Vecer | 17.05.2025

Домашен колаген: Подготовката е едноставна, а воедно е и многу вкусен

Природниот колаген од домашна супа е сè попопуларен кај жените кои сакаат да го зачуваат својот младешки изглед и здравјето на коските. Ви откриваме едноставен рецепт за домашен колаген кој е ефикасен, вкусен и достапен, но докажано делува кај проблеми со остеопороза и се користи за убавина на кожата.

Состојки:

1 говедска бутна коска (со малку месо) или пилешки бутови

3 моркови

3 пашканат

1 целер

2 кромиди

2 чешниња лук

2 ловорови листа

1 гранче рузмарин

Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Ставете ја коската исечена на половина, на тивок оган или во сад за бавно готвење. Додадете вода до врвот на садот. Гответе 10 часа, бидејќи садот за бавно готвење не дозволува испарување количината на вода останува иста. Потоа, отстранете ја коскената срцевина од коската.

Додадете зеленчук и гответе уште 4 часа.

Процедете ја течноста и истурете ја во тегли.

Како да го пиете?

Пијте 100 мл од оваа супа, богата со природен колаген, секој ден. Пред употреба, само загрејте ја. Чувството е пријатно, потсетува на супа. Подготвувајте ја оваа супа еднаш неделно, менувајќи ги видовите месо, говедско или пилешко.

Домашниот колаген не е само економичен, туку и ефикасен за кожата и коските. Неговата редовна консумација може да придонесе за зачувување на младешкиот изглед и здравјето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk