logo
logo
logo

Гласањето за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент се одложува поради несогласувања

Vecer | 23.06.2025

Гласањето за Извештајот за Македонија во Европскиот парламент се одложува поради несогласувања

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) утре во 9 часот ќе се обиде по втор пат да го донесе Извештајот за Македонија, откако првото гласање беше одложено поради бурната реакција на бугарските европратеници. Спорни се амандманите што ги предложија Зелените и Европската слободна алијанса, во кои се бара по обврската за уставни измени, дополнително да се истакне и целосно почитување на македонскиот јазик и идентитет.

Бугарските европратеници реагираа остро, обвинувајќи го известувачот Томас Вајц за пристрасност кон Македонија. Тие истакнаа важноста за вклучување на Бугарите во Уставот, како и почитување на правата на бугарското малцинство во земјата.

Поради настанатите несогласувања, Вајц побара одложување на гласањето со цел да им се даде време на европратениците, особено десничарските групи, да ги ажурираат своите лоби-регистри. Тој нагласи дека дебатите се интензивни, но дека останува целосно зад финалната верзија на извештајот, подготвен со учество на сите политички групи.

По одложувањето, Европската слободна алијанса на својата интернет страница посочи дека бугарските европратеници, со поддршка од Европските народни партии, вршат притисок за одлагање на извештајот за Македонија, обвинувајќи ги за промовирање на националистички интереси и негирање на македонскиот идентитет.

Ова не е само попречување на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ, туку и јасна злоупотреба на европските институции за внатрешни националистички цели. Европскиот проект не смее да биде подложен на уцени од страна на поединечни држави.

Став на Европската слободна алијанса

Европската слободна алијанса го потенцира ставот дека одбивањето на Бугарија да го признае македонскиот идентитет претставува суштински проблем во односите и го искористува како аргумент за блокирање на започнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk