logo
logo
logo

ОРЦЕ СО УГОСТИТЕЛИТЕ: По изборите ќе има Советник за угостителскиот сектор кој тие ќе го изберат

Vecer | 10.07.2025

ОРЦЕ СО УГОСТИТЕЛИТЕ: По изборите ќе има Советник за угостителскиот сектор кој тие ќе го изберат

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со претставници на дел од угостителскиот сектор од Скопје, важна алка од економијата и секојдневието на нашиот град.

-Разговаравме отворено за предизвиците со кои се соочуваат, од административни процедури, со посебен осврт на безбедноста на посетителите.

Заедно разгледавме конкретни решенија за унапредување на условите за работа, развој на урбаниот туризам и подобрување на услугите кон граѓаните и посетителите на Скопје.

За првпат досега, веднаш по завршувањето на локалните избори ќе назначам советник за угостителскиот сектор кој ќе произлезе токму од нив, преку меѓусебен договор.

Угостителите се двигатели на живата атмосфера во нашиот град.

Ќе продолжиме со соработка, затоа што само заедно можеме да градиме модерен, економски стабилен и гостопримлив главен град, вели Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk