logo
logo
logo

Детето е сместено во згрижувачко семејство

За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село - отворена истражна постапка за таткото

Vecer | 10.07.2025

За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село - отворена истражна постапка за таткото

За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од ОЈО Струмица нареди отворање истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело-Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство, а за осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште-престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето.

Инаку, на социјалните мрежи вчера беше објавено видео со врзаното дете и како таткото го малтретира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk