logo
logo
logo

Латас: Мудриот човек го прави тоа што треба веднаш, а будалата тоа го прави на крај - затоа што мора

Vecer | 10.07.2025

Латас: Мудриот човек го прави тоа што треба веднаш, а будалата тоа го прави на крај - затоа што мора

Стрпливо следам како реагира јавноста на бугарскиот и грчки притисок да не се спомне името на државата Македонија (па дури ни Северна...) ниту на Македонците во европскиот извештај. Грција патем има и обврска да го почитува тоа според Преспанскиот договор кој го доведе во прашање националниот идентитет на Македонија и Македонците.

И гледам, тие кои го доведоа Заев на власт без победа на избори, кои тврдеа дека ние веќе преговараме со ЕУ, а до 2022 ќе бидеме и членки на Унијата, кои го поддржуваа корумпираното СЈО за да ја штити корупцијата на власта, кои со невидена леснотија и зомбизам прифатија вето и од Бугарија само СДСМ да остане на власт...

Истите тие сега притискаат оваа власт преку ноќ да ги решава проблемите со Бугарија, со Грција, со ЕУ... и ако не ги решила значело дека не ги бива.

Оној што ја запалил куќата ужива во Дубаи, неговите дворјани уживаат во украденото од неговата власт и од странските фондови кои плаќаа палење на куќата за комшиите да се задоволат бидејќи им се нарушува видикот од нашиот дом.

Овие кои се сега на власт со години повикуваа: не ја палете куќата, не ги поддржувајте пироманите, и сега се исправени пред невозможна мисија да го расчистат пепелот и да почнат да градат од ново. И почнаа, и градат, и се гледа дека е така без никој од страна да мора да посочува.

Ако и понатаму пироманите ставаат сопки и провоцираат, врескаат за да се скријат причните и последиците а никој од нас не им се спротистави, мисијата да се изгради куќата и ќе биде невозможна.

Се гради куќа за нас, а не за власта.

Изборот е едноставен: ќе се збереме ли сите, какви и да сме и од каде и да сме, и ќе помогнеме куќата да се гради, или ќе се тепаме меѓусебе во пепелот докажувајќи недокажливо: дека тие што ја запалија куќата сме ги заборавиле, невини се и сме им простиле. А не палеа сами, иљадници се офајдиа од тој оган.

Без куќа, под немирно небо, не се опстанува долго. Доаѓаат ветрови, зими, дождови. Сите имаат куќи и каде да се приберат. Или ќе градиме и ќе им помагаме на овие што градат, или ќе се тепаме и дотепаме до последниот што не има.

А после, не е ни битно кој бил во право.

Мудриот човек г прави тоа што треба веднаш, а будалата тоа го прави на крај - затоа што мора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk