logo
logo
logo

СИЛНОТО ПАРТНЕРСТВО СО УНГАРИЈА Ѝ НОСИ БЕНЕФИТ НА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 13.06.2025

СИЛНОТО ПАРТНЕРСТВО СО УНГАРИЈА Ѝ НОСИ БЕНЕФИТ НА МАКЕДОНИЈА

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно подржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакна вицепремиерот Алекандар Николоски утрово на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Министерот Сијарто е во работна посета на Македонија, кој во име на Владата на Унгарија денеска ќе го потпише Договорот за стратешка соработка меѓу Владите на Македонија и Унгарија.

Поздравувајќи го потпишувањето на овој стратешки документ, вицепремиерот Николоски истакна дека соработката меѓу двете земји се издигнува на повиско ниво и дека тој документ ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти.

Во контекст на Договорот, а во насока на развојните политики на државата, вицепремиерот Николоски го потенцира планот за економски развој на земјата, посебено истакнувајќи го развојот и модернизацијата на транспортните коридори.

Средбата, двајцата министри го потврдија партнерството засновано на силни политички односи и развиена економска соработка значајна за двете држави.

– Овој стратешки договор со Унгарија е многу значаен во време на огромни политички и економски предизвици за Македонија. Партнерството носи само бенефит, а соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво. Договорот дополнително ќе ни донесе нови проекти во инфраструктурата и верувам дека оваа соработка што ја имаме со Унгарија ќе ја продлабочуваме во периодот што следи – истакна по средбата вицепремиерот Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk