logo
logo
logo

Малиот на Зоки е веќе милионер на струја, а бате Вице вози на ќумур... Е ВАКА РАБОТАТ ЗАЕВИ, ЕВЕ ГИ МИЛИОНИТЕ

Vecer | 23.07.2025

Малиот на Зоки е веќе милионер на струја, а бате Вице вози на ќумур... Е ВАКА РАБОТАТ ЗАЕВИ, ЕВЕ ГИ МИЛИОНИТЕ

Таткото на Зоран Заев, Панче Заев, кој веќе е милионер, годинава е меѓу најуспешните, иако дебитант, со фирмата Тотал Коп за товарен транспорт на Панче Заев, таткото на поранешниот премиер. Фирмата е регистрирана во март 2023. За неполни десет месеци компанијата направи добивка од околу 850.000 евра. 

Цвета бизнисот со струја на Душко Заев, синот на Зоран Заев. Неговата фирма „Тотал енерџи“ лани имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра.

Младиот Заев, едвај полнолетен, фирмата ја отворил во 2022 година, а таа била во плус уште првата година по отворањето. Во 2023 година, тој имал добивка од 39 милиони денари, односно 636 илјади евра, а во 2024 та година фирмата имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра, oбјави. За две години малиот на Заев, заработил 1,5 милиони евра!

Во 2023 година, Душко Заев веројатно бил единствениот вработен – фирмата имала само едно вработено лице. Од 2024 година, во „Тотал Енерџи“ има тројца вработени.

Сега Душко, малиот на Зоран Заев, е на возраст од само 21 година и е мултимилионер во третата година од својот работен век, колку ли ќе заработува допрва?

Душко Заев стана првиот од семејството Заеви кој почна бизнис со производство на електрична енергија, а по него тоа го сторија неговиот чичко, Вице и неговиот дедо, Панче Заев. Сите се “на струја“ со милионски добивки во евра.

А како стојат бизнисте кај братот, Вице Заев? Оној од “евро за Вицето, евро за црквата“.

На струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев не му тргна со компаниите за електрична енергија. Тој влезе во овој бизнис веднаш по внукот Душко, но за разлика од него, чичкото нема профит од сите овие фирми. Барем не официјално.

Дтетео, малиот на Зоран Заев, веќе на свои 19 години се покажал по ербап во бизнисот со струја од искусниот и итриот чичко, Вице Заев. Барем така кажуваат официјалните бројки.

Фос Имерас“, фирмата која беше основана во 2023 година, непосредно пред крајот на годината, а која Вице Заев ја отвори со Никола Филипче, брат на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, лани имала добивка од 2.600 денари. Или околу 40-45 евра заработиле тандемот браќа Заев-Филипче за година дена.

Тој преку својата фирма Гомасидра, отворена во Петрич, Бугарија, купи дел од компанијата „М Еенерџи Гроуп НИК“ и стана ортак со Мишко Николов, син на Мите Николов, познат како Мите „Брилијант“.

Но, „М Еенерџи Гроуп НИК“ нема резултати – во 2023 година, кога во неа влегува Вице Заев, фирмата имала приходи од безмалку 77 илјади денари, а добивка од 24 илјади денари. Во 2024 година, сумата се намалила – приходите биле 73 илјади денари, а добивката изнесувала 3.400 денари. Во фирмата, отворена во 2022 година, нема ниту еден вработен.

Соар Енерџи Груп“ пак, Вице Заев ја отвори преку својата „Тотал Инженеринг“, заедно со братучедот Бобан Заев. Оваа фирма беше одбиена од Регулаторната комисија за енергетика да започне со работа, иако претходно ги помина сите геодетски филтри кај општините и Министерството за транспорт.

Вице Заев имаше дел и од „Бојана Енерџи“, кој го купи од Боро Стојчев, кој како градоначалник на Ново Село беше уапсен и осуден за шверц на цигари. Но и оваа фирма нема добивка. Лани работела со минус 515.793 денари.

Единствената фирма на која и тргна, а во која дел е Вице Заев, е фирмата „Солар Грин Енерџи“. Таа има добивка од речиси 2,5 милиони денари, но во неа тој нема удел, туку е управител. Сопственик е неговиот татко, Панче Заев.

Дали и колку се фингирани овие бројки на компаниите на Зеави и Филипче останува да утврди надлежен орган. Но, затоа, надлежниот орган е во тек на утврдување корупции во десетици милиони евра за други бизниси на Заеви, и тоа само во Македонија.

Фамилијата не мирува. Не се само на струја, и на јаглен се

Порталот Вечер прв го објави сакнадалозното видео од Дубаи. Видеото на кое се гледаат експремиерот Зоран Заев, придружуван од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како и сопственикот на „Зобек мининг груп“ – Енис Колашинац, како се забавуваат во Дубаи.

Филипче и Колашинац имаат трајни врски. Венко Филипче беше снимен дека возел во предизборната кампања, а било земено на лизинг токму од „Зобек мининг груп“. Кон крајот на 2024, „Зобек“ почнува да се спомнува во истрагата за тендери од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони при што се утврдуваат и врските на линијата Зоран Заев - Венко Филипче - Енис Колашинац.

Според сознанијата постоела фирма за набавка на јаглен за РЕК Битола со посредник, фирма која била од Бугарија, се работи за фирмата ‘Гомасидра’ во сопственост на Вице Заев. Фирмата во Бугарија е регистрирана на 1 јуни 2017, само еден ден откако неговиот брат Зоран Заев, ја презеде премиерската функција.

Парите завршиле кај 11 различни компании, без тендери бидејќи се работи за набавки на енергија. Јагленот доаѓал главно од Грција и Албанија, додека помали количини било договорено да се увезат од Бугарија и Косово. Цените варирале од 45 евра до 70 евра за тон јаглен.

Кај Колашинац оваа цена достигнала до 82,5 евра, од коишто речиси половина завршиле кај фирмата ‘Гомасидра’ на Вице Заев. Вице Заев за ИРЛ соопштил дека на неговата фирма и биле исплатени 37 евра по тон јаглен, што за 240 000 тони значи вкупно девет милиони евра за „Гомасидра“ на Вице Заев. Тоа е само од една фирма, и само од еден бизнис.

Интересно е што фирмата во Бугарија е регистрирана на 1 јуни 2017, само еден ден откако неговиот брат Зоран Заев, ја презеде премиерската функција.

Малиот на Заев вози на струја, бате Вице вози на ќумур. А возат ли легално?

Ова е само дел, но приказната продолжува...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk