Водечките функкции во СДСМ ги заземаа шефови и шефици од “невладините“ оранизации кои повеќе децении однавдор имаат контрола над партијата, а сега и одвнатре, служебено. Но, се покажа дека апетитите за власт на “невалдините“ на СДСМ не завршуваат тука.
Ќе се зголеми ли бројот на граѓански иницијативи и неазвисни здруженија кои ќе прераснат во партии во пресрет на локалните избори откако Зелен Хуман Град најавија дека ќе делуваат како партија.
Во изјава за ТВ 24 велат дека тоа е од технички причини поради немањето на друг начин да настапат бидејќи поголемите партии не успејаа да се договорат за измените во изборниот законик, а прагот кој треба да го исполнат со собирање на потписи е превисок вели Горјан Јовановски.
Сепак од Зелен хуман град дециднио тврдат дека немаат намера да коалицираат со партии а не ја исклучуваат можноста за коалиција и со други граѓански организации, но засега ќе делуваат самостојно со фокус на Град Скопје. ТВ 24 ги контактираше и дел од другите организации дали размислуваат на ист начин да го продолжат своето делување. Од Шанса за Центар велат сите опции се во игра.
Шанса за Центар: - Разговараме и се уште не сме ги дефинирале нашите ставови за понатамошните чекори, но сите опции се во игра. Доколку изборниот модел остане таков каков што е очигледно ќе немаме друг избор. Собранието е доста пасивно во тој дел а ние мораме да најдеме начин како да настапиме на престојните локални избори.
Со сличен став и од Независни за Карпош. Велат размислуваат за некоја поширока коалиција со останатите граѓански здруженија кои се уште делуваат како независни.
Независен Карпош: - Ги разгледуваме опциите за здружување со останатите иницијативи доколку партиите во Собранието не успеат да се договорат. Се е во игра и за сите идни чекори тековно ќе информираме.
На последниот брифинг со новинарите собранискиот спикер Гаши посочи дека се уште нема политички договор за изборниот модел иако уставниот суд веќе донесе одлука дека треба да се донесе нов Изборен законик, откако во март ги укина членовите со кои на независните кандидати им беше зголемен бројот за собирање на потписи.
Сепак како што и тогаш посочи Гаши условите за измени во Изборниот законик се уште не се исполнети и зрели за промени но, изрази надеж дека по одморите паратеничките групи ќе треба посериозно да се позанимаваат со проблематиката бидејќи локалните изборите се во октомври.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата