logo
logo
logo

Меџити: Реализација на конкретни проекти во Чаир

Vecer | 23.07.2025

Меџити: Реализација на конкретни проекти во Чаир

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес изврши увид во градежните активности во населба Саат Кула, општина Чаир, која долги години беше запоставена од централната власт.

Во тек е реализација на проект вреден 59.861.572 денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација на девет улици: ул. 157, 397, 2, 1, 178, 156, 374, 150 и 177. Проектот има рок за завршување од 12 месеци и ќе овозможи подобрување на условите за живот на над 2000 жители.

Министерството и Владата продолжуваат посветено да работат на конкретни инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат животот на граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk