logo
logo
logo

ВАКА СЕ ПРАВИ ВИСТИНСКА, ИТАЛИЈАНСКА ПАНАКОТА... можете да ја имате и дома

Vecer | 04.08.2024

ВАКА СЕ ПРАВИ ВИСТИНСКА, ИТАЛИЈАНСКА ПАНАКОТА... можете да ја имате и дома

Панакота е традиционален италијански десерт налик на пудинг. Иако најчесто се служи во ресторани и слаткарници, всушност многу лесно се подготвува дома. Овој десерт е создаден на северот на Италија, а во буквален превод од италијански значи „варен крем“.

Создаден е како комбинација од крем и шеќер, ароматизиран со ванила, а се сервира во облик на чаша или мал, кружен калап во кој се формира додека се лади.

Покрај тоа што е лесна и вкусна, панакота е омилен десерт ширум светот поради леснотијата на подготовка. Благиот, млечен вкус и многубројните можности за подготовка, како фил од карамела, растопено чоколадо или комбинација со овошје, го прават идеален десерт со лажица за секое време од годината.

Состојки за панакота:

– 500 мл слатка павлака

– 1 стапче ванила

– 8 листови желатин

– 80 г шеќер

Подготовка:

Започнете со подготовка со ставање на листовите од желатин во ладна вода 10 до 15 минути. Исечете го стапчето од ванила по должина и изгребете ги семките со нож. Во меѓувреме во тенџере со средна големина ставете ја слатката павлака, додајте ги шеќерот, семките и стапчето од ванила.

Загрејте на тивок оган додека не почне да врие, а потоа прекинете со загревањето и оставете го тенџерето на страна. Кога желатинот ќе се раствори, исцедете го од водата и додадете го во течноста со кремот што сте ја загреале и мешајте додека желатинот целосно не се раствори.

Подгответе тркалезни калапи со капацитет од 150 мл, наполнете ги со панакотата и оставете ги во фрижидер најмалку пет часа. Кога ке се оформат и ќе се стегнат, секој калап потопете го во врела вода неколку секунди и превртете го на чинија.

Можностите за послужување и украсување се многубројни: панакотата можете да ја сервирате сама или со прелив по ваш избор, како карамела, растопено чоколадо или овошен фил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk