logo
logo
logo

ПОСНА ПИЦА, поздрава е од класичната, а се прави за неколку минути (РЕЦЕПТ)

Vecer | 01.07.2024

ПОСНА ПИЦА, поздрава е од класичната, а се прави за неколку минути (РЕЦЕПТ)

Почна Петровденскиот пост кој ќе трае се до 11 јули. Постот се нарекува и апостолски, започнува во првиот понеделник по Страсната седмица и трае до празникот на светите апостоли Петар и Павле. За време на овој пост во понеделник, среда и петок се пости на вода, во вторник и четврток на масло, а во сабота и недела на риба.

Доколку постите, важно е да знаете како да ја прилагодите исхраната, а тоа особено важи за оние кои не се вешти во кујната. Едно од поедноставните јадења е посната пица, која може да се јаде дури и во деновите на постот на вода.

Потребни состојки:

- 1 лажичка сув квасец

- прстофат шеќер

- 200 мл млака вода

- 300 г брашно

- половина кесичка прашок за печиво

- сол

- шампињони

- пиперки

- млад зелен кромид

- оригано

- кечап

Начин на приготвување:

Прво подгответе го тестото за посна пица на вода така што во 200 мл млака вода ќе истурите една лажичка сув квасец и прстофат шеќер. Измешајте го тестото и оставете 10 минути. Во друг сад измешајте 300 г брашно, половина кесичка прашок за печиво и сол. Постепено додавајте ги сувите состојки во активираниот квасец и замесете меко тесто, по потреба додадете една или две лажици брашно. Покријте и оставете 30-40 минути.

Во меѓувреме, подгответе го зеленчукот. Исчистете и исечете околу 200 г шампињони, 2 пиперки и две млади кромитчиња. (Додадете или одземете состојки по вкус.) Расукајте го тестото со сукало, намачкајте го со кечап, наредете го зеленчукот, посипете со оригано и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk