Овие меки, воздушести мафини се совршени за појадок, ужина, или како дел од предјадење. Се подготвуваат лесно и брзо, а се јадат уште побрзо. Едноставно е невозможно да не ги сакате!
Потребни состојки:
• 3 јајца
• 100 мл јогурт
• 100 мл маслиново масло
• 100 гр сирење или урда
• 1 поголема тиквичка
• 10 поголеми маслинки
• 200 гр брашно (дел може да се замени со гриз)
• 1 пак. прашок за пециво
• сол, црн бибер
Подготовка:
• Излупете ја тиквичката и изрендајте ја на крупната страна од рендето
• Јајцата добро изматете ги со миксер, потоа додадете го јогуртот, маслото и измешајте со лажица.
• Додадете брашно, гриз, прашок за пециво, сол и бибер и добро измешајте за да нема грутки.
• На крај, додадете го издробеното сирење, ренданите тиквички и сечканите маслинки и добро измешајте. Ќе добиете густа смеса.
• Подмачкајте ги калапите за мафини (не е потребно ако се силиконски) и наполнете ги речиси до врвот.
• Според вашата желба наросете ги со сусам
• Печете во претходно загреана рерна на 220°C околу 20 минути, додека убаво не поруменат. Оставете ги да се изладат минута или две, а потоа извадете ги од калапот.
Може да се сервираат топли или ладни – подеднакво се вкусни и во двата случаи. Одлично одат со јогурт или кисело млеко/павлака, но и како прилог со месо.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата