logo
logo
logo

ИЗВОЗОТ, ГРАДЕЖНИШТВОТО И ТУРИЗМОТ ГАРАНТИРААТ РАСТ НА БДП и подобар стандард на граѓаните

Vecer | 06.07.2025

ИЗВОЗОТ, ГРАДЕЖНИШТВОТО И ТУРИЗМОТ ГАРАНТИРААТ РАСТ НА БДП и подобар стандард на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека во мај годинава увозот е многу помал за околу 8 проценти во евра, или за 12-13 проценти во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23 проценти, додека пак во долари е 28 проценти.

Ако ги споредите првите два месеци од вториот квартал април и мај од оваа година, со април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13 проценти и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5 проценти, а само во мај 9,4 проценти, истакна Мицкоски, на новинарско прашање по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.

Растот на туризмот повеќе од 20 проценти, инвестициската активност повеќе од 15 проценти, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал, оцени Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk