Откако ја прошири дописничката мрежа надвор од границите на Србија и отвори студија во Сараево и Подгорица, Newsmax Balkans неодамна основа дописнички центар во Скопје.
Во последните недели, телевизиските гледачи имаа можност да се информираат за настаните во Македонија преку вклучувањето на репортери од македонските градови.
Од понеделник, 28 јули, ќе започне со работа студиото „Newsmax Balkans“, со седиште во главниот град на Македонија.
Телевизија ќе им се придружи на колегите од во продукцијата на емисијата „Став на регионот“, која ќе се занимава со најактуелните теми и настани што ги засегаат граѓаните на С. Македонија, но и со универзалните проблеми на обичните луѓе од земјите од регионот.
Предраг Кукиќ ќе биде уредник и водител на емисијата „Став на регионот: Скопје“. Заеднo со него, во еипата се и: Драган Милосављевиќ, Адријана Алексиевска и Кристина Алексиевска.
Емисијата ќе се емитува во работните денови во 19:30 часот, а секојдневно ќе се наизменично со емисијата „Став на регионот: Подгорица“, продуцирана од тимот на Newsmax Balkans од Црна Гора.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата