logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: За неполна година пензиите се зголемија за 5.000 денари, СДС манипилираат со бројки

Vecer | 25.07.2025

ВМРО-ДПМНЕ: За неполна година пензиите се зголемија за 5.000 денари, СДС манипилираат со бројки

СДС и Тренчевска  продолжуваат да манипулираат со бројки, но фактите говорат сосем спротивно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари во време на КОВИД пандемија кога поради нивната лоша економска политика инфлацијата беше над 20%.

Да потсетиме дека кога СДС и Тренчевска беа на власт пензионерите секојдневно протестираа по улиците и пред владата, а нивните барања беа токму за линеарно покачување на пензиите.

СДС и Тренчевска тогаш немаа слух за пензионерите, ги донесоа до раб на егзистенција и не им овозможија достоинствен живот каков што заслужуваат.

Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и овозможува  достоинствено да живеат.

За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари.Само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес за достоинствен живот на сите пензионери“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На ставовите на ВМРО-ДПМНЕ реагира пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Тренчевска потсетува дека благодарение на Методологијата за усогласување на пензиите што ја донесе Владата на СДСМ, пензиите пораснале за 29,7%. 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 2019 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk