Петоците се резервирани за работни состаноци и проверка до каде е реализацијата на динамичкиот план на работа на автопатот во изградба Кичево-Охрид, објави директорот на ЈПДП Коце Трајановски, со детали, како тече изградбата на автопатот.
- Само со присуство и личен придонес работите се придвижуваат и проблемите се решаваат. Кога на терен лично ќе се соочиш со проблемот можеш побрзо и поефикасно да делуваш во правец на негово разрешување.
Овде во кампот на Надзорот заедно сум со мојот тим на инженери од ЈПДП, со претставници на Изведувачите и на Надзорот над работите.
Бевме известени дека се работи со полна пареа и дека во моментов работата на Изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници:
- Подделница 1 од Кичево до Подвис каде што е изведувач Гранит се работи активно на вијадуктот, на девијацата Лавчани и на неколкуте потпатници,
- Подделница 2 од Подвис до Пресека, изведувачите над работите (Гранит/ Синохидро/Илинден) работат на патниот јазол Извор, на Клучка Душегубица, но и на останатите објектите,
- Подделница 4 од Песочани до Требеништа каде е изведувач Синохидро се работи на главната траса, особено е ставен акцент на клучка Требеништа, како и на пристапните патишта делница Песочани - Ново Село, Ново Село - Ботун, Климештани - Мешеишта; на патниот јазол Требеништа, но и на другите објекти на подделницата,
- Подделница 5 од Требеништа до Охрид (Синохидро/Илинден) интензивно се работи на десниот коловоз, изградба на пристапни патишта долж целата подделница 5,изградба на натпатник кај Подмоље,изградба на клучка Св.Еразмо и изградба на натпатник кај Чекоштина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата