logo
logo
logo

КИРИИТЕ ЕКСПЛОДИРАА: Цената на студентска соба е 1.000 евра

Vecer | 11.05.2025

КИРИИТЕ ЕКСПЛОДИРАА: Цената на студентска соба е 1.000 евра

Просечната месечна кирија за студентска соба во Холандија се зголеми во првиот квартал од 2025 година за шест проценти во споредба со минатата година, а најскапиот град е сè уште Амстердам, каде што просечната цена за кирија е 979 евра, наведува извештајот на платформата Камернет.

На второ место по месечна кирија за студентска соба е Утрехт со 808 евра, како и Харлем со 770 евра, додека најприфатлив е Енсхеде со просечна кирија од околу 400 евра.

Ванинген е сè уште еден од најевтините градови за студенти со кирија од 450 евра месечно за соба, но со годишен раст од речиси 20 проценти, тој бележи и најголем пораст на цените во земјата, објавува NL Times.

Во Ајндховен, кириите се зголемија за 14 проценти, а единствениот холандски град каде што се забележува пад на цените е Тилбург, се додава во извештајот.

„Студентите имаат сè помалку избори и повисоки трошоци“, рече директорот на Камернет, Џим Бовард, кој додаде дека понудата е само малку зголемена и не може да ја задоволи огромната побарувачка.

Главната причина за високите цени и скромната понуда на пазарот е холандската регулатива што ги обесхрабрува приватните сопственици на недвижности да издаваат соби под наем.

Податоците се базираат на анализа на речиси 14.000 огласи за домување објавени на Камернет во првиот квартал од 2025 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk