logo
logo
logo

В недела напладне ПУШТАЊЕ НА НОВА ДЕЛНИЦА од Врбјани до Охрид од автопатот

Vecer | 11.07.2025

В недела напладне ПУШТАЊЕ НА НОВА ДЕЛНИЦА од Врбјани до Охрид од автопатот

На автопатот Кичево-Охрид се прават последните подготовки за пуштање во употреба на делницата од Врбјани кон Охрид во должина од околу 40 километри, со прекин кај Ботун, откри директорот на ЈП за Државни патишта Коце Трајановски.

Тој додава дека граѓаните и туристите кои патуваат кон Охрид веќе се возат по новиот коловоз, a сечењето на лентата е планирано за в недела на пладне.

Овој автопат е дел од западниот дел од коридорот 8 на кој работи и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Се работи на делницата Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани каде што изведувачот интензивно работи следејќи ја динамиката што ја наметна ЈПДП со решавање на експропријацијата на земјиштето.

За комплетирање на коридорот 8 од Скопје до Охрид потребно е да се доигради автопатот од Кичево до Врбјани, но и делницата „Букојчани-Кичево и во моментов тече јавен повик за избор на изведувач.

За делницата Требеништа-Ќафасан, според најавите, ќе се ревидира трасата со оглед дека постојниот проект го загрозува заштитениот статус на Охридско Езеро и на регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk