Портпаролот на германското Министерство за одбрана денес го негираше извештајот во кој се тврди дека постои план за набавка на дополнителни 15 ловци Ф-35.
„Министерството за одбрана во моментов нема планови за набавка на дополнителни авиони Ф-35, освен 35-те што веќе се договорени“, изјави портпаролот на Министерството на прес-конференција, наведува Ројтерс.
Бриселскиот портал „Политико“ претходно денес објави, повикувајќи се на неколку извори кои знаат дека Германија планира да купи дополнителни 15 борбени авиони Ф-35 од САД.
Ова би ја зголемило планираната германска флота американски авиони од 35 на 50, објави бриселскиот портал.
Разговорите меѓу Берлин и Вашингтон, кои не се објавени јавно, доаѓаат во време на расправија меѓу Германија и Франција околу заедничкиот француско-германски проект за борбени авиони FCAS, и претходните извештаи дека Франција сега сака 80 проценти од договорот.
„Одлучивме конечно да го разјасниме ова прашање во следните неколку месеци“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во средата за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Берлин, наведува Политико.
FCAS е сè уште во рана фаза на развој, а пробен лет на авионот не се очекува до 2028 или 2029 година, наведува „Политико“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата