logo
logo
logo

Европскиот парламент ја отфрли иницијативата за недоверба на Комисијата на фон дер Лајен

Vecer | 10.07.2025

Европскиот парламент ја отфрли иницијативата за недоверба на Комисијата на фон дер Лајен

Европскиот парламент со убедливо мнозинство ја одби иницијативата за недоверба на Европската комисија, предложена од романскиот европратеник Георге Пипереа.

Пратениците гласаа вака: 175 беа „за“, 360 „против“, а 18 се воздржаа. За да се прифати иницијативата, потребна беше поддршка од најмалку две третини од присутните европратеници, а истовремено нивниот број да биде над половина од вкупниот број на Европскиот парламент.

Дебатата по предлогот се одржа во понеделник. Во текот на дискусијата, Пипереа ја обвини Европската комисија за недостаток на транспарентност, игнорирање на принципите на правдата, избегнување отворена дебата и заобиколување на одлуките на Европскиот парламент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk