Во објави на својата платформа Трут соушл, Трамп напиша дека и покрај неговата висока популарност, овие канали објавуваат „97 отсто лоши приказни“ за него и известуваат неправедно за републиканците.
Претседателот на федералната комисија за комуникации , Брендан Кар, републиканец назначен од Трамп во 2017 година, сè уште не се огласи околу овие барања.
Трамп е во постојан конфликт и со други медиуми чие известување не одговара на неговите ставови. Најново, весникот „Волстрит џурнал“ доби забрана да патува со владин авион поради напис за контактите на Трамп со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн. Новинската агенција АП, пак, сè уште нема дозвола да лета со Ер Форс Уан откако одби да го користи новото име што Трамп му го даде на мексиканскиот залив – „Американски залив“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата