Шведски функционер оставил документи поврзани со пристапувањето на земјата кон Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) на аеродромот Стокхолм-Арланда во 2022 година, по посетата на премиерот Улф Кристерсон на Турција, објави денес „Дагенс Нихетер“.
Извор за весникот изјавил дека самиот функционер ја информирал безбедносната служба дека ја заборавил папката, која содржела материјали за преговорите со Турција по прашањето за пристапувањето на Шведска во НАТО.
Инцидентот се случил во ноември 2022 година, а папката содржела копии од документите на шведскиот премиер Улф Кристерсон, кои тој ги понел со себе на патување во Турција.
Шведската влада потврди дека папката била заборавена во тоалетот и дека ја пронашле вработените на аеродромот, со проценка дека не содржи доверливи информации.
„Затоа, не е извршена проценка на штетата и инцидентот не е пријавен во Безбедносната служба“, изјавил портпаролот на владата во писмено соопштение.
Весникот наведува дека процесот на пристапување на Шведска во НАТО бил проследен со висок степен на тајност и дека преговорите се воделе во ограничен круг луѓе.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата