Саудискиот принц Ал-Валид бин Халид Ал-Сауд, познат како „Заспаниот принц“, почина по 20 години во кома, објави кралскиот двор.
Ал-Сауд почина вчера, откако помина речиси две децении во кома по сериозна сообраќајна несреќа, соопшти кралскиот двор, според almayadeen.net.
Неговата долгорочна здравствена состојба го привлече вниманието на јавноста низ цела Саудиска Арабија и регионот, поради што го доби прекарот „Заспаниот принц“.
Со текот на годините повремено се ширеа гласини за знаци на закрепнување, но ниту еден не е официјално потврден.
Таткото на принцот Ал-Валид, Халид бин Талал, постојано изразуваше верување дека неговиот син еден ден ќе се разбуди.
Две децении одбиваше да ги исклучи апаратите за одржување во живот, честопати споделувајќи фотографии и информации за здравјето на својот син на социјалните мрежи, особено за време на религиозните и националните празници.
After spending two decades in a coma, Prince Al-Waleed bin Khaled bin Talal Al-Saud has sadly passed away. https://t.co/1WvY2jnx5H pic.twitter.com/cge1RxMFyG
— Ashen Tharaka (@AshenTharakaG) July 19, 2025
Кралскиот двор потврди дека погребната молитва за принцот Ал-Валид ќе се одржи денес во Големата џамија Имам Турки бин Абдула во Ријад.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата