logo
logo
logo

Велика Британија најави вклучување во доставата на хуманитарна помош за Газа по воздушен пат

Vecer | 26.07.2025

Велика Британија најави вклучување во доставата на хуманитарна помош за Газа по воздушен пат

Велика Британија ќе се приклучи на меѓународните напори за доставување хуманитарна помош во Појасот Газа по воздушен пат, соопшти премиерот Кир Стармер, откако Израел дозволи ваков начин на испорака во услови на влошена хуманитарна состојба.

Стармер рече дека Лондон „итно ги забрзува напорите“ за евакуација на деца со итни медицински потреби, кои би биле третирани во британски болници.

Најавата доаѓа во време кога повеќе од 220 пратеници, вклучително и повеќе од половина од лабуристичките, побараа од владата да ја признае палестинската држава, сметајќи дека тоа е важен чекор кон конечно решение на израелско-палестинскиот конфликт.

Британија и претходно учествуваше во воздушна испорака на хуманитарна помош во 2024 година, во координација со Јордан. Кралското воено воздухопловство (RAF) успеа да достави над 100 тони храна во северна Газа.

Меѓутоа, хуманитарните организации предупредуваат дека воздушната испорака е скап и неефикасен начин кој не може да ги покрие потребите на населението. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk