logo
logo
logo

Кина со протестна нота за Јапонија поради посетата на тајвански министер

Vecer | 26.07.2025

Кина со протестна нота за Јапонија поради посетата на тајвански министер

Протестот бил пренесен од страна на директорот на Азијската служба во кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Џусонг, при средбата со јапонскиот амбасадор во Пекинг, Акира Јокочи. Лу ја обвини Јапонија дека испраќа „погрешен сигнал“ со дозволата за посетата.

Посетата предизвика реакции откако јапонскиот пратеник Кејџи Фуруја, претседател на парламентарната група за пријателство со Тајван, објави фотографија со Лин на социјалните мрежи.

И покрај тоа што Јапонија од 1972 година официјално го признава Пекинг, таа продолжува да одржува неформални односи со Тајпеј. Кина го смета Тајван за своја провинција и постојано предупредува дека обединувањето е „неизбежно“, дури и со сила, ако е потребно.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека тајванското прашање е „во сржта на кинеските интереси“ и побара Јапонија итно да ги санира последиците од посетата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk