logo
logo
logo

Личеше на празен муабет, и што испадна - ДАЛИ БОГАТИОТ ТУРЧИН АЛИ КОЧ ЈА КУПУВА БРЕГАЛНИЦА

Vecer | 09.07.2025

Личеше на празен муабет, и што испадна - ДАЛИ БОГАТИОТ ТУРЧИН АЛИ КОЧ ЈА КУПУВА БРЕГАЛНИЦА

Али Коч демантира дека неговиот клуб „Фенербахче“ го купил најстариот фудбалски клуб во источна Македонија,а воедно кажа дека ниту со кој било друг неговен деловен потфат планирал да вложи или вложил во македонски фудбалски клуб

Али Коч, сопственикот на холдингот Коч, еден од најголемите во Турција ја демантираше веста дека купил фудбалски клуб во Македонија. Конкретно се работи за веста дека турскиот фудбалски бренд „Фенербахче“ ја купува штипска „Брегалница“.

Веста дека „Фенербахче“ ја купува „Брегалница“ излезе пред пет дена, а демантот стигна вчера откако веста стигнала до турските медиуми кои , професионално, ја провериле и побарале повеќе детали од „Фенербахче“ и од Али Коч.

Во својата изјава турскиот реномиран клуб напишал: не е купен ниту еден клуб во земјата (н.з. Македонија) ниту од фудбалскиот клуб „Фенербахче“ ниту од други деловни ентитетни кои се во сопственост на “Коч“.

Штипска „Брегалница“ е во сопственост на штипскиот бизнисмен Кирил Гогов, кој своевремено пред десетина година ја купи од бугарски сопственик. Гогов ја финансира „Брегалница“ заедно со Општина Штип.

Според официјални достапни податоци од Македонска берза „Брегалница“ во 2023 година потрошила над 700.000 евра, но и покрај тоа испадна од Првата македонска фудбалска лига.

Последната сезона „Брегалница“ не успеа да избори ниту бараж за повторно враќање во Македонската фудбалска лига што предизвика незадоволство кај бројните навивачи во Штип и членовите на навивачката група „Фаланга“.

„Брегалница“ е фудбалски клуб што во 2021 година прослави 100 години постоење. Најдобрите времиња на „Брегалница“ се во преодот од седумдесетите кон осумдесетие години на минатиот век кога клубот играше во втората сојузна лига, во тоа време втора најсилна лига во поранешна Југославија земја со над 22 милиони жители.

Клубот е акционерско друштво, но како и другите фудбалски клубови во земјава, нејзината акција нема реална пазарна цена затоа што акцијата не се тргува на берзата. Трансфери на акции се вршат само во случаи кога се договара превземање на клуб по цени однапред договорени меѓу двете страни.

Според достапните јавни податоци за финансиите „Брегалница“ данопната 2023 година ја завршиласо добивка од 110.000 евра, но сепак го изгуби прволигашниот статус во сезоната 2023/24. Сега „Брегалница“ настапува во Втората фудбалска лига.

Интересно, а воедно и чудно, е тоа што во 2022 година “Брегалница“ потрошила нешто малку над 500.000 евра односно 209.000 евра помалку од 2023 година и успеала да го задржи прволигашниот статус. Затоа пак во годината кога имала за 200.000 евра поголем буџет испаднала од лигата.

Од финансиските показатели е видно дека „Брегалница“ лани имала 12 вработени (колку што е минимум играчи со професионални договори за играње во Првата македонска фудбалска лига). Според финансиските податоци кои се јавно достапни на слендиот линк „Брегалница“ за плати потрошила нешто повеќе од 54.000 евра. Вкупно за трошоци за вработени лани се исплатени 132.000 евра.

Најголемите трошоци лани „Брегалница“ ги исплатила под збирната ставка останати трошоци за работење и за тоа се платени 340.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk