На хиподромот во Суботица се одржаа традиционални трки со каса под името „Дужијаница“, а настанот го разубави најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ!
Општо е познато дека коњите се најголемата љубов на Јокиќ, а тоа можевме да го видиме во Суботица.
Имено, коњот од неговата штала „Ловец на соништа“, по име „Демон Дел'Ест“ и италијанскиот возач Кармине Пискољо победија во градот на северот од Србија, а Јокиќ знаеше како да го прослави тоа.
Никола не криеше колку му значи оваа победа, па заплака, а потоа скокна преку оградата и се стрча во прегратката на еден посебен човек.
Зборуваме за Владимир Прибиќ, човек кој е од големо значење за Никола, а токму Прибиќ е тренер на коњот што ја доби трката.
Интересно е што самиот Прибиќ учествуваше во трката, со коњот Брен Лаумар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата