logo
logo
logo

Реал веќе не смета на него, ама Алаба не сака да си оди!

Vecer | 27.07.2025

Реал веќе не смета на него, ама Алаба не сака да си оди!

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Давид Алаба, барем според пишувањето на шпански „АС“ не сака ни да чуе да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, иако Реал Мадрид или Чаби Алонсо се чини дека не сметаат на него.

Австриецот има свои причини, а тие се 22.5 милиони евра годишно. Познато е дека тој по Мбапе и Виниус ја зема третата најголема годишна плата кај “кралевите“. Ако некогаш, пред тешката повреда, дефанзивецот беше еден од клучните играчи на Реал, сега веќе не е така и тој е 4-5 опција за стоперската линија во тимот на Чаби Алонсо.

Инаку на Алаба договорот со Реал Мадрид му истекува следното лето и Алаба нема намера да се откаже од парите.

Останува сега да се види како ќе изреагира Дон Флорентино Перез.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk