Не можеме до недоглед да се расправаме, дојде време постигнатите договори да се вратат на основата за модернизација и европеизација на државата, ова денеска го порача вицепремиерот Изет Меџити на панел-дискусијата поповод одбележувањето на 23-годишнината од Охридскиот договор.
Меџити вели дека во последниве денови е оживеана темата ОД, за како што вели, инструмент за манипулирање со јавноста.
- Охридскиот договор е договор за државата, не е договор за вечно учество на една политичка партија во власта. Периодот пред нас ќе биде период кога ќе отвориме нова етапа на политика и креирањето политики. Македонија од општество со договори ќе напредува кон општество што се разбира, рече Меџити
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата