logo
logo
logo

ВРЕДИ ги обвини ДУИ дека „пумпале“ бројки на изборите

Vecer | 30.06.2025

ВРЕДИ ги обвини ДУИ дека „пумпале“ бројки на изборите

ВРЕДИ ги обвини ДУИ дека „пумпале“ бројки на изборите:

„Како што ветивме, ВЛЕН секојдневно ќе ја открива болната вистина за еден процес кој требаше да биде огледало на реалноста, а се претвори во измама и срамно предавство од страна на ДУИ кон Албанците.

Следните примери на манипулација се јасни и документирани, особено во струшкиот регион:

Во селото Радолишта се регистрирани само 1.344 жители над 18 години, додека на изборите во 2024 година гласале 2.397 граѓани, или повеќе од 1.000 разлика.Во Велешта се регистрирани 2.196 жители, а гласале 2.377, речиси 200 повеќе.Во Ливадија, исто така, има повеќе гласачи од што регистрирани жители.

Со вакви потези ли мислевте да го намалите бројот на Албанците во државата?“ објави Вреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk