logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од Костадин Костадинов

Vecer | 30.06.2025

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од Костадин Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ објави реакција по повикот за убиство на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ-Латас:

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бараме итна разрешница.

Ова е доказ за тоталната безидејност на СДС. Кога немаат идеи – имаат омраза, кога немаат програма – имаат насилство, кога немаат политика и предлози – имаат некрофилија.

Градоначалникот на Струмица и близок соработник на Заев, оди по неговите стапки. Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на новинари дека ќе се осветува на свој начин.

Матрицата на СДС е таа и нема менување. Позади ваквата нарачка за линч на новинар седат директно Венко Филипче и Зоран Заев.

Ова се правите лица на соработниците на Заев и Филипче. Повикуваат на убиства на новинари, ова го нема никаде!

Партијата чиј член и градоначалник е Костадинов, молчи и не се оградува од коментарите на Костадинов.

Го повикуваме МВР да реагира и да го повика на распит градоначалникот на СДС по бруталните закани.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk