logo
logo
logo

Кичево скоро 40 години чека нова болница И ЌЕ ЧЕКА, ФИРМАТА НЕ ЈА ЗАВРШИ, ќе се раскине договорот

Vecer | 10.12.2023

Кичево скоро 40 години чека нова болница И ЌЕ ЧЕКА, ФИРМАТА НЕ ЈА ЗАВРШИ, ќе се раскине договорот

Кичево скоро 40 години чека на нова болница и веројатно нема да ја добие во скооро време затоа што ќе се раскине договорот со фирмата која требаше да ја заврши.

Министерството за здравство почнало постапка за раскинување на договорот со фирмата ТПДПТУ Инсталими која не успеа да ја заврши изградбата на болницата во Кичево.

Досега со оваа фирма биле потпишани два договора, првиот во 2014 и вториот во 2021 година со вкупна вредност од 9 милиони евра. Рокот за завршување на работите на вториот договор бил 2024 година.

Договорите се однесувале на реконструкција, пренамена, адаптација, изградба и доградба на Општата болница во Кичево.

Од Министерството за здравство одговориле на барањето на Порталб.мк и врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ги доставиле документите со договорите за Општата болница во Кичево. Според документите, во јануари 2021 година, кога министер за здравство беше Венко Филипче, Министерството за здравство склучило договор за доизградба на болницата.

Во овој договор рокот за завршување на изградбата на Општата болница во Кичево е 2024 година, односно рокот определен за завршување на овој договор е 36 месеци, односно 3 години.

Договорот за реконструкција, пренамена, адаптација, изградба и доградба на Општата болница во Кичево е потпишан помеѓу Министерството за здравство и фирмата „ТДПТУ Инсталими“, од село Длапкин Дол, од Зајас Кичево, како што е наведено во договорот, застапено од Рукије Исеини.

Втората фаза од изградбата на болницата е во вредност од 351.631.336,82 денари, односно 5 милиони и 700 илјади евра.

Од Министерството за здравство велат дека е јасно дека објектот нема да биде завршен во предвидениот рок и дека по раскинување на договорот ќе се бара и надомест за направената штета.

Во меѓувреме жителите на Кичево се принудени здравствените услуги да ги добиваат во старата болница, која не ги задоволува потребните услови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk