logo
logo
logo

Време е ДУИ да замине во историјата

МОЖНО Е ВМРО-ДПМНЕ ДА ГИ ПОДДРЖИ КАНДИДАТИТЕ НА ВРЕДИ ВО ПРВИОТ КРУГ

Vecer | 08.07.2025

МОЖНО Е ВМРО-ДПМНЕ ДА ГИ ПОДДРЖИ КАНДИДАТИТЕ НА ВРЕДИ ВО ПРВИОТ КРУГ

Преговорите за соработка на претстојните локални избори и со владините коалициски партнери ЗНАМ и Вреди одат во добра насока, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски и  претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека со ЗНАМ ќе имаат посебни листи за советници, а онаму каде што едните ќе имаат кандидат за градоначалник, другите нема да излезат со свој. Мицкоски нагласи дека преговорите со ЗНАМ се водат во конструктивна насока и очекува успех.

Според него, можно е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг да ги поддржат и кандидатите на Вреди, во некои општини, со цел да биде поразена ДУИ и да замине во историјата.

– Силно веруваме дека политичката партија која што повеќе од 20 години остави споменици и не направи ништо за цела Македонија, на која примарно ѝ беше да издаваат лиценци за марихуана, да отвораат казина, да купуваат трговски центри, скапи дуќани во центар на град, да формираат инстант фирми коишто добиваат државни тендери, да играат фудбалчиња по канцеларии, плукајќи му така на народот, треба да биде поразена на овие избори и конечно да замине во историјата на македонската политичка сцена – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk