logo
logo
logo

УТРЕ ЌЕ ИМА СИЛЕН ВЕТЕР - температурата ќе остане висока

Vecer | 08.07.2025

УТРЕ ЌЕ ИМА СИЛЕН ВЕТЕР - температурата ќе остане висока

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец, со јачина од над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер од над 60 километри на час, во четврток дневната температура значително ќе опадне од 8 до 10 степени.

УХМР прогнозира дека во петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk