logo
logo
logo

На изборите ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КАДИДИРА СЕКОЈ ГРАЃАНИН, без да собира потписи за поддршка?!

Vecer | 11.08.2025

На изборите ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КАДИДИРА СЕКОЈ ГРАЃАНИН, без да собира потписи за поддршка?!

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко даде одговор што да прават независните кандидати, дали да продолжат со собирање потписи и дали ДИК ќе одлучува како би учествувале на локалните избори среде законскиот вакуум со изјава дека во Изборниот законик е дадено правото на независни кандидати и листи, односно во Изборниот законик именувани како „група избирачи“.

„Државната изборна комисија веќе се изјасни дека правото на учество на група избирачи е дадено директно со закон и за тоа Комисијата нема зошто да одлучува, туку ќе го применува член 60 од Изборниот законик.

Во Законот не постои само бројот на потписи потребен за кандидирање. Останува да се види дали пред почетокот на законскиот рок за собирање потписи (10 дена по распишувањето избори), Собранието ќе ги донесе измените на Законикот со кои ќе се определи бројот на потребни потписи. Ако не ги донесе, ДИК ќе го прецизира Упатството за поднесување на листи во смисла на примена на член 60 без собирање потписи“, вели Кондарко.

Ова би значело дека независните кандидати би можеле да поднесат листи на претстојните локални избори без да собираат потписи.

Граѓанските иницијативи почнаа да собираат потписи за формирање на партии. За да се формира партија потребни се 1.000 потписи од целата територија на државата.

Тие денеска рекоа дека и покрај оваа одлука на ДИК, продолжуваат со собирање потписи оти останува неизвесноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk