Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјава во сите 51 реформски чекори, додека во грејс периодов работат заедно со Владата и од 10 ќе бидат исполнети девет и половина од нив. За Изборниот законик, Рокас смета дека законот во основа е добар и оти се надева дека партиите ќе постигнат консензус.
- Ние сме фокусирани на 10-те чекори коишто беа во грејс периодот и коишто истекуваа на 30 јуни. И овие 10 чекори мора да кажам дека навистина внимателно работевме, непосредно со Владата, со цел да ги исполниме овие чекори. Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати. Како што знаете, тие ќе бидат доставени во следните 10 дена до Европската комисија на една последна проценка и крајната одлука се носи некаде во септември, но ова е навистина добар успех. Меѓутоа, во исто време ја имавме и таа редовна вежба која што заврши на 30-ти јуни оваа година, и тука започнува тој грејс период од една година. И со тоа имаме добар напредок, но она што е важно е дека во сите 51 чекор има напредок. Јас сум навистина сигурен дека гледам забрзување во реформите, меѓутоа во секој случај треба да ги почекаме последните резултати и проценката на Европската комисија по летниот распуст - рече Рокас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата