logo
logo
logo

ОДИХР И БРИСЕЛ ВЕЌЕ ДАДОА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО

Рокас: ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Е ДОБАР, останува партиите да се договорат

Vecer | 03.07.2026

Рокас: ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Е ДОБАР, останува партиите да се договорат

Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека Изборниот законик во основа е добар закон, но посочи дека е неопходно политичките партии да постигнат консензус за преостанатите прашања околу неговото усогласување.

Тој нагласи дека во моментов се водат разговори меѓу политичките партии и изрази надеж дека ќе се најде заедничко решение за ова, како што рече, чувствително прашање.

– Законот сам по себе е добар закон. ОДИХР и Европската комисија дадоа позитивна проценка и оценка, но она што преостана во моментов се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласувања кога станува збор за овие моделитети, но чувствувам дека има добра волја тоа да се надмине. И Комисијата во Парламентот за Изборниот законик веќе работи, и се надевам дека партиите на толку важна работа, ќе бидат во можност да седнат и да постигнат консензус кога станува збор за ова сензитивно прашање. Меѓутоа, основите на законот и законот сам по себе, се навистина добри – рече евроамбасадорот Рокас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk