Четворица турски државјани се уапсени во Скопје поради сомнение дека синоќа учествувале во инцидент – прво со „ауди“ удриле доставувач на мотор, па потоа го истепале младиот скопјанец.
„Ноќеска околу 01:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите државјани на Турција. Приведувањето следуваше по пријава добиена на 24 мај околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија во сообраќајот, осомничените најпрво со патничко возило ‘ауди’ удриле во мотор управуван од Ф.М. (20) од Скопје, кој во моментот извршувал работни задачи како доставувач. По судирот, според пријавата, тие физички го нападнале доставувачот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничените лица“, соопштија од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата