logo
logo
logo

САМО БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК ФИЛИПЧЕ СЛЕПО ВЕРУВА на политиките на Радев

Vecer | 25.05.2026

САМО БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК ФИЛИПЧЕ СЛЕПО ВЕРУВА на политиките на Радев

Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо верува на политиките на Радев дека уставните измени се последната препрека за нашиот влез во ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Но, не само што уставните измени не е последната препрека, туку не е ниту последно барање на Бугарија.

На видео од 2019 година, слушаме како сегашниот премиер на Бугарија, Румен Радев јасно кажува дека Гоце Делчев е Бугарин и ги претставува неговите негаторски видувања за Македонија.

Ова е од периодот кога Филипче и Заев се власт и секако немаа никаква осуда за овој говор на Радев.

Филипче да одговори, дали го има гледано ова обраќање на Радев и дали смета дека само Бугарите во Устав е проблемот кој се надзира?

Уставните измени се само првиот од многуте барања кои ги имаат Бугарите, а се однесуваат на бугаризација на наши историски ликови како Гоце Делчев, Кирил и Методиј, Јане Сандански, негирање на идентитетски разлики, негирање на македонскиот јазик и култура, како и менување на комплетната историја на Македонија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk