logo
logo
logo

РАБОТЕЛЕ И ВИКЕНДОВ поради зголемениот број барања за неосудуваност

Vecer | 14.07.2025

РАБОТЕЛЕ И ВИКЕНДОВ поради зголемениот број барања за неосудуваност

Основниот кривичен суд Скопје ги известува граѓаните кои поднеле барање за издавање потврда или уверение од казнената или од кривичната евиденција, како и барање за уверение за забрана за вршење професија/дејност, заклучно со петок, 11 јули 2025 година, дека потврдите се изготвени и можат да си ги подигнат.

„В.д. претседателката Даниела Димовска изразува огромна благодарност до судската администрација која работеше во текот на викендот, за да може судот да ја овозможи оваа услуга на граѓаните, за која  се чекаше подолг период, поради зголемениот број на барања“, се вели во соопштението од Кривичниот суд.

Судот, уште еднаш апелира до сите граѓани да ја користат електронската апликација за издавање на овие документи, преку порталот uslugi.gov.mk. На овој начин потврдите се добиваат за еден ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk